Кинеска компанија за вакцини „Кансино бајолоџикс“ соопшти дека ефективноста на нејзината вакцина против Ковид-19 во една доза може да се намали со текот на времето, иако треба да има стапка од 50 проценти или повеќе најмалку пет до шест месеци по имунизацијата.
„Втората доза дадена на учесниците во студијата шест месеци по нивната прва инјекција може да обезбеди значителна заштита, бидејќи го зголемува нивото на антитела седум до десет пати, а ефикасноста на вакцината надминува 90 проценти“, рече Џу Тао, главен научник на компанијата, во инернет-презентацијата за која „Ројтерс“ извести вчера, наведува „Гардијан“.
Компанијата соопшти привремени податоци во февруари, кои покажаа дека вакцината е 68,83 проценти ефикасна во спречување на симптомите на Ковид-19 две недели по вакцинацијата, но стапката падна на 65,28 проценти по четири недели.
„Гардијан“ објави дека оваа кинеска вакцина е одобрена во Кина, Пакистан, Унгарија и Мексико, а „Кансино“ планира клиничко испитување во Кина за верзијата на вакцината што се применува со инхалација