Кина ќе ја произведува вакцината „спутник В“

пред 5 години

Кинеска фармацевтска компанија ќе ја произведува вакцината „спутник В“.

Компанијата се согласила да произведе повеќе од 100 милиони дози на руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19, објави денеска рускиот државен инвестициски фонд .

Двете страни планираат да соработуваат во клиничките испитувања во Кина и да ја промовираат употребата на вакцината таму, известува фондот, пренесува Ројтерс.

Кинеската компанија ќе може да ја дистрибуира вакцината во Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван, се наведува во соопштението на инвестицискиот фонд.

Share
Scroll to Top