Без промени на болидот на Ред Бул во Имола

Без промени на болидот на Ред Бул во Имола

пред 4 години

Хелмут Марко, првиот човек на Ред Бул, изјавил дека тимот нема да врши никакви измени на болидот за наредната трка, во шампионатот на Формула 1.

„Во Имола ќе возиме со истиот болид, со кој се натпреварувавме во Бахреин. Доколку не ги повториме грешките од првата трка, тоа би требало да излезе на добро. Првите големи промени ќе ги направиме за третата трка во Португалија“, рекол Марко.

Во првата трка, Макс Ферстапен го освои второто место, зад Луис Хамилтон, иако доминираше во текот на целиот викенд, а Серхио Перез заврши на петтата позиција.

Трката во Имола на програмата е на 18.април.

Share
Scroll to Top