Американскиот претседател Џо Бајден за малку повторно ќе настрадаше на скалите од претседателскиот авион. Овој пат, Бајден имаше среќа. Додека се качуваше на летот за Питсбург, врнеше дожд, а во еден момент, тој малку се лизна на една од скалите. Сепак се задржа на нозе.
Бајден не падна, иако во едната рака држеше торба, а во другата чадор.
„Знам дека луѓето го видеа Бајден како се лизна при качувањето во авионот, но тој не е повреден, ниту му е потребна лекарска помош“, изјавила Кејт Бедингфилд, директорката за комуникации во Белата куќа.
За потсетување, Бајден го привлече вниманието на светската јавност на 19 март, кога дури три пати падна на скалите качувајќи се на претседателскиот авион.
Тогаш од Белата куќа порачаа дека Бајден паднал поради силниот ветер кој дувал во воената база „Ендруз“, во близина на Вашингтон.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Галерија) Владо Јаневски на Халкидики снима нов спот
Концертот на „Дајте музика“ презакажан за 18 јуни
(Фото) Принцот Хари се разголе на поло натпревар и покажа дека е во лоша форма
Леонардо Ди Каприо ја откачи девојката оти наполни 25 години
