Пејачката Лепа Брена која со години поседува стан во Монте Карло, за прва сосетка ја има светската ѕвезда и кралицата на поп-музиката Мадона.
Тие не живеат во иста зграда, но нивните балкони се наоѓаат еден спроти друг и двете можат да се видат од многу блиску, открива извор близок до Брена.
„Становите се со иста квдратура и имаат ист распоред на просториите. Брена и Боба Живојиновиќ со години имаат имот во Монте Карло, а кога почна пандемијата со коронавирусот, тие се преселија таму. Велат дека познаваат многу познати ѕвезди и се чувствуваат како вистински домаќини. Многу познати имиња од светот на бизнисот имаат имоти во Монте Карло. Мадона беше една од последните кои се пресели таму. Пред да купи стан, таа редовно го посетувала Монте Карло за одмор и релаксација, па дури и во бројни интервјуа има изјавено дека тоа е нејзиното омилено место за забава“, открива изворот.
Пред шест години, Брена имала можност да ја запознае Мадона, но не ја препознала веднаш.
„Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифт и видов мала жена која многу наликуваше на неа. Беше со обезбедување, имаше темни очила, жената беше облечена во спортска облека. „Реков погледнете ја оваа жена, личи на Мадона, а потоа сфатив дека е таа“, изјавила еднаш Брена во едно од шоуата на „Гранд“ – пренесува Нова.рс.
Брена и Боба во 2016 година го реновирале станот во Монте Карло, а за тоа потрошиле 50.000 евра. Го промениле целиот мебел во станот, кој се простира на 150 квадратни метри со голема дневна соба, две кујни, голема тераса, спална соба и три соби за гости.