Циркус во Шпанија – Одигран натпревар во кој поразени беа двата тима

Циркус во Шпанија – Одигран натпревар во кој поразени беа двата тима

пред 4 години

Дали е можно два тима во ист момент да бидат прогласени за победници, а потоа да им бидат одземени победите? Шпанците покажаа дека оваа нереална ситуација е можна.

Натпреварот во Четвртата лига на Шпанија, помеѓу Мостолес и Виљаверде, заврши со победа на домашниот тим од 3:1.

Гостите, по поразот се жалеле дека во тимот на Мостолес право на настап немал Диего Леитон. Идентична жалба поднеле и од Мостолес, поради суспензија право на настап немал Анџело Барбоса.

Парадокс е што двете жалби биле усвоени, а потоа и двата тима биле казнети.

Шпанскиот сојуз им доделил на двата тима по три бода, а потоа истите им ги одзел. Бидејќи играле си суспендирани фудбалери клубовите добиле и парична казна од по 1.000 евра.

Share
Scroll to Top