Непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја во Штип, во населбата Дуизлак, во близина на црквата Св. Недела, информраат градските власти од каде додаваат дека ова е втор вандалски чин за кратко време.
„Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид“, се наведува во соопштението.
Извештај за состојбата подготвуваат инспектори од шумската полиција.
Од општината најавуваат дека ќе биде поднесена пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција.
Властите апелираат до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел престапниците да ги пријават.