„Непишаното фудбалско правило“ вели дека никогаш не го допираш трофејот пред да го освоиш. Капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин очигледно не верува во ова суеверие, откако пред саботното финале на Копа дел реј против Реал Сосиедад, реши да го допре трофејот при влегувањето на теренот на „Ла Картуха“ во Севилја.
Сосиедад победи со 1:0. Сепак, Муниаин доби и пофалби од шпанските медиуми за неверојатниот гест – по поразот, тој остана сам на теренот да ја следи цела церемонија на доделување на трофејот на своите баскиски ривали, и дури им аплаудираше.
Titula la película@LaRasmiaPodcast pic.twitter.com/cCfSlNg3x3
— Rodrigo Jiménez (@rodrigo_ji) April 3, 2021