Рома се распаѓа – Играчите среде тренинг го пцуеле тренерот

Рома се распаѓа – Играчите среде тренинг го пцуеле тренерот

пред 4 години

Колапс во соблекувалната на Рома, односите помеѓу тренерот Паоло Фонсека и фудбалерите целосно се нарушени, објавија неколку италијански медиуми. Тензиите во Рома, траат од почетокот на годината, а нетрпеливоста помеѓу тренерот и фудбалерите кулминирала по натпреварот со Сасуоло (2:2).

Паоло Фонсека, по натпреварот со Сасуоло, рекол дека атмосферата во клубот е добра, меѓутоа на вчерашниот тренинг имало жестока вербална расправија. Неколку фудбалери го пцуеле тренерот. На ваквите испади не реагирал директорот Тијаго Пинто, кој бил присутен на тренингот.

Клубот експресно ги демантираше медиумските пишувања, со порака дека во мислите на фудбалерите е само натпреварот со Ајакс во Лигата Европа, кој ќе се одигра во четврток.

Share
Scroll to Top