Интер летово може да се ослободи од дури 10 играчи!

Интер летово може да се ослободи од дури 10 играчи!

пред 4 години

Според италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, Ешли Јанг речиси сигурно заминува од „Џузепе Меаца“ на крајот на сезоната, а може да му се приклучат дури девет други играчи.

Договорот на Англичанецот Јанг, поранешниот играч на Манчестер јунајтед, завршува на крајот на сезоната и тешко е да се верува дека ќе добие обновување на договорот.

Други на оваа листата се – Андреа Ранокија, чиј договор истекува, но Интер нему се подготвени да му дадат уште едногодишен договор. Матијас Весино ќе биде ставен на продажба откако одиграл 70 минути оваа сезона, додека уште не се одлучени судбините на Артуро Видал, Роберто Гаљардини, Иван Перишиќ и Стефано Сенси.

Видал пристигна како слободен играч од Барселона во текот на летото, и иако е корисен во тимот, има плата од 6.5 милиони евра по сезона, што е превисока сума за Интер. Тој има договор до јуни 2022, а Интер имаат шанса да му го продолжат на уште една сезона.

Јонут Раду и Андреа Пинамонти ќе си заминат на позајмица, додека со Даниеле Падели уште се преговара.

Share
Scroll to Top