Јавниот сообраќај во Скопје од денеска ќе сообраќа до 20 часот

пред 4 години

Од денеска, вторник 6.04.2021 год до вторник 20.04.2021 год, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје.

Од таму додаваат дека режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на „ЈСП“ Скопје, информираат од оваа институција.

Потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, и дека времено се укинати и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.

Share
Scroll to Top