Филипче: Мерките против коронавирусот не се поврзани со одложувањето на пописот

пред 4 години

Никогаш досега мерките за заштита од коронавирус не биле политички мотивирани и секогаш се носеле заради заштита на здравјето на граѓаните, уверуваше денес министерот за здравство, Венко Филипче. Тој, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека прогласувањето на мерките не е поврзано со одложувањето на пописот.

„Никогаш досега, од лани, кога почнавме во воведување мерки, никогаш мерките не биле политички мотивирани, секогаш беа заради заштита на здравјето на граѓаните. Сакаме да спречиме дополнително комплицирање на ситуацијата кое очекуваме да се случи за време на празниците, како што беше лани. Тоа нема да можеме да го издржиме и тоа е причина зошто сега во пресрет на празниците воведуваме мерки. Таква мерка треба за да се намали притисокот на болниците“, рече министерот Филипче.

Денешната бројка на новозаболени, министерот соопшти дека е околу 1.200, што според него укажува на намалување и е уште еден доказ дека досегашните мерки даваат резултат.

„Во многу градови епидемилошката крива се зарамнува. Така е во Скопје и во уште неколку градови“, рече министерот Филипче.

Критична е состојбата во Куманово, Битола, Кичево и Тетово. Министерот тврди дека во сите градови има слободни болнички кревети, а онаму каде што во одреден момент ќе се исполни капацитетот, пациентите се препраќаат во соседните градови или, пак, во Скопје.

Share
Scroll to Top