Пирло: Претседателот Ањели ми кажа за состанокот со Алегри

Пирло: Претседателот Ањели ми кажа за состанокот со Алегри

пред 4 години

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло открива дека претседателот на клубот Андреа Ањели предвреме му кажал дека ќе се сретне со поранешниот тренер, Масимилијано Алегри, состанок кој уште повеќе постави притисок на Пирло и ги натера италијанските медиуми да оценат дека тој е пред отказ.

Утре, Јувентус игра со Наполи, меч кој 41-годишниот Пирло едноставно мора да го добие ако сака да остане тренер, а самиот Ањели му кажал за состанокот со Алегри.

„Немам став за тоа прашање, бидејќи нема што да се каже. Претседателот ми кажа дека ќе има состанок. Тие двајца се пријатели, и надвор од фудбалот, тоа пријателство уште трае. Тоа е како јас да отидам на вечера со Паоло Малдини и следниот ден да се тврди дека тој сака да ме постави како тренер на Милан. Нормална работа“, вели Пирло.

Пирло наследи тим кој освои девет титули во низа во Италија минатото лето, но не успеа да ја продолжи таа низа – „бјанконерите“ се 12 поени зад Интер на само 10 меча пред крајот на сезоната.

Share
Scroll to Top