Синоча од 20 часот до 5 часот утрово, констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.