По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, во јавноста беше промовирана поштенска марка со неговиот лик, дело на академик Димитар Кондовски. Поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци и со ова „Пошта на Македонија“ се вклучи во одбележувањето на јубилејот посветен на раѓањето на академик Конески. Вредноста на оваа поштенска марка е 72 денара.
Директорот на „Пошта“ на промоцијата рече дека оваа поштенска марка, најверојатно, ќе биде предизвик на филателистите да ја купат и да ја стават во својата колекција.
Промоцијата на поштенската марка е дел од програмата на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која се одвива под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука.
Стогодишнината од раѓањето на македонскиот академик е запишана и во календарот на јубилеите подржани од УНЕСКО.