Како да ги направите фармерките прикладни за на работа

Како да ги направите фармерките прикладни за на работа

пред 5 години

Фармерките ни се омилени модни парчиња на повеќето од нас.

Ги носиме уште од детство, во текот на средношколските денови, на студиите, а потоа дојде време кога се упативме во канцеларија и повеќе не можеме да ги носиме.

Па и не баш!

Иако спаѓаат во кежуал модни парчиња фармерки, лесно можете да ги носите и во нешто поформални прилики како што е работата.

Битно е само со што ќе ги комбинирате.

Погледнете го нашиот мал водич со пет идеи, како фармерките да ги прилагодите на деловниот стил.

1. Шанел сако и салонки во боја – За да изгледате женствено и отмено облечени, искомбинирајте тесни фармерки со Шанел сако и салонки на ниска штикла. Можат да бидат и во јарка боја, чисто да разбиете монотонија.

2. Длабоки фармерки и кошула – Облечете лелеава кошула на раскопчување и вовлечете ја во фармерки со длабок струк. Така на целиот изглед ќе му дадете една одмерена нота, ќе го нагласите струкот и ќе делувате професионално.

3. Држете се до класиката – Класична бела кошула, фармерки со рамен крој и црни салонки се нешто со кое никогаш нема да можете да погрешите, па ни во варијантата за на работа.

Ќе изгледате уредно, сериозно и професионално.

4. Темните фармерки се решение – Темниот џинс може да се носи во секоја прилика, а особено во деловната. Нека биде едноставен, без избледени делови и украси и одлично ќе го надополни секој изглед.

Искомбинирајте го со светли модни парчиња и детали за вистински впечаток!

5. Тенко џемперче и сако – Без разлика кои фармерки и да ги облечете, ако ги искомбинирате со сако, ќе изгледате инстант скоцкано за во канцеларија.

Во текот на зимските денови, облечете потенко џемперче, а под него кошула, а во текот на потоплите денови прескокнете го џемперчето и подготвени сте за на работа.

Share
Scroll to Top