(Видео) НАСА го објави првото селфи од Марс

(Видео) НАСА го објави првото селфи од Марс

пред 5 години

Од Американската вселенска агенција НАСА, го објавија првото селфи од Марс. НАСА објави фотографија која ја сними роверот „Истрајност“, со малиот хеликоптер „Креативност“. Роверот користел роботска рака за снимање на фотографијата, која е споена од 62 поединечни слики.

Покрај „Истрајност“, во прв план, „Креативност“ може да се види на оддалеченост од околу четири метри. Хеликоптерот е тежок 1,8 килограми. Во следните денови тој треба да го изврши својот прв лет на Црвената планета.

Се очекува за време на првиот лет, да достигне висина од околу три метри, а потоа да остане на едно место триесет секунди, пред да се спушти назад на површината на Марс.

Тој лет ќе биде првиот контролиран лет кој бил изведен на друга планета. Хеликоптерот се напојува со литијонски батерии, а се очекува дека во период од месец дена, тој да оствари уште неколку пробни летови.

На Марс тој стигна склопен во куќиштето на роверот „Истрајност“, на крајот на февруари, по повеќе од 200 дена лето и 472 милиони километри.

Share
Scroll to Top