Денис Родман откри за времето кога ја бркал ќерката на Доналд Трамп и како се запознал со Ким Џонг-ун

Денис Родман откри за времето кога ја бркал ќерката на Доналд Трамп и како се запознал со Ким Џонг-ун

пред 4 години

Поранешната НБА ѕвезда, Денис Родман, открил за времето кога ја бркал ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка и како се запознал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Тој во емисијата Breakfast club, открил не само за добрите односи кои ги имал со Трамп, кого го смета за пријател, туку и дека му се допаѓала неговата ќерка. Тоа било времето пред 2015 година, пред Иванка да го запознае нејзиниот сегашен сопруг Џаред Кушнер.

Иако бил познат по тоа што успеал голем број девојки да ги однесе во кревет, сепак Родман не успеал да ја освои Иванка. Таа не сакала да излезе со него ниту на обичен состанок.

„Кога ја поканив да излеземе, таа само се насмеа. Само се смееше“, открива Родман.

Во интервјуто Родман исто така објаснил дека заслижува да добие некакво одликување или да добие поголеми заслуги, заради подобрените односи меѓу САД и Северна Кореја. За потсетување, Родман се најде во фокусот на јавноста, по дружбите со севернокорејскиот лидер Ким-Џонг-ун.

Родман неколку пати му бил гостин на Ким, а Севернокореецот во повеќе наврати го опишал поранешниот кошаркар како негов најдобар пријател за цел живот. Родман вели дека треба да добие заслуги за средбата меѓу Трамп и Ким која се случи во 2019 година.

Во една од своите изјваи, Трамп истакна дека Родман би бил најдобриот избор за амбасадор во Северна Кореја, од другите американски дипломати.

„Секогаш зборував дека Денис е подобар од овие вкочанети типови кои се испратени да го запознаат Ким. Тие луѓе оделе на Харвард и биле одлични студенти, но, немаат никаква харизма“, изјавил Трамп.

За потсетување, до познанството меѓу Родман и Ким дошло на иницијатива на севернокорејскиот лидер, кој има голема страст кон кошарката, НБА лигата и тимот Чикаго Булс, клуб во кој, во деведесетите години настапуваше Денис Родман.

„Тоа е врска за цел живот. Сè започна една ноќ, со неколку шишиња вотка“, изјавил Родман, кој ја прифатил понудата која Мајкл Џордан ја одбил и отпатувал во Северна Кореја, земја која не е во најдобри односи со САД.

„Мислев дека ќе се сликам, ќе делам автограми и ќе играм кошарка. Не знаев ништо за Северна Кореја. Му реков на мојот агент дека ќе одам само ако ми е загарантирана безбедноста. На почетокот ми беше одлично, кога излегов од авионот и кога застанав на црвениот тепих“, изјавил Родман.

Петкратниот НБА шампион, пред неколку години на медиумите им откри што се случило за време на еден натпревар.

„Повеќе од 22.000 Севернокорејци станаа и почнаа да плескаат. Јас им возвратив на поздравите, а некој ми кажа дека тоа не било за мене, туку за Ким. Кога го прашав кој е тој, ми одговори дека тоа е нивниот лидер“, изјавил Родман.

По натпреварот, Ким лично го поканил Родман на вечера, караоке и вотка.

„Вечеравме и пиевме како блесави. Тогаш тој почна да пее караоке и немам поим што кажа тогаш. Сите почнаа да танцуваат, а тогаш излезе бенд од 18 млади девојки. Беа фантастични, но свиреа само една песна целата вечер“, се потсетил Родман.

Share
Scroll to Top