Толку време е потребно да се провери СМС порака на телефонот
Секој знае дека пишувањето СМС-порака додека се вози е исклучително опасно, но малкумина се оние кои тоа ги спречува. За да покаже што се случува, Lexus го опреми својот кросовер со шофершајбна која станува нетранспарентна за 4,6 секунди.
Овој краток временски период не е избран случајно, бидејќи толку време е потребно да се провери, на пример, смс порака на мобилниот телефон. Во автомобилот се внесени волонтери, кои морале да поминат патека со пречки, а нивните реакции биле снимани.
Она што се случува е шокантно за луѓето што седат зад воланот, бидејќи пречките не се статични, туку се движат. Доколку автомобилот се движи со брзина од 100 km/h, тој поминува 128 метри за 4,6 секунди. Со помала и побезбедна брзина од 40 km/h, растојанието е 51 метар.
Неодамнешните студии покажуваат дека 64% од возачите во Соединетите држави ги проверуваат своите мобилни телефони додека се зад воланот. Ова е за 2% повеќе отколку во 2020 година и 6% повеќе отколку во 2019 година. Што е уште полошо, повеќе од 30% од возачите дури и не сфаќаат дека со тоа сопатниците ги ставаат во голема опасност.
Извор: Додај Гас