За Нигериецот Ефе Аџагба, најверојатно ќе слушаме повеќе во иднина, откако тешкашот имаше спектакуларен нокаут над Брајан Хауард за да го подобри скорот на 15-0.
Аџагба успешно му направи лажен потег на левата страна, за да го нокаутира Хауард со застрашувачки удар.
Аџагба е поранешен освојувач на злато на Африканските игри, и дебитираше како професионалец во 2017 година, и во 15-те победи дури 12 се со нокаут.
Efe Ajagba with the one-punch KO of Brian Howard ?
(via @trboxing) pic.twitter.com/gFfSP0MsoN
— SI Ringside (@SI_Ringside) April 11, 2021