Ленс Амстронг на Тур д’Франс покрај допинг користел и мотор

Ленс Амстронг на Тур д’Франс покрај допинг користел и мотор

пред 4 години

Ленс Амстронг, човек на кого поради допинг му се одземени седумтет титули на Тур д’Франс, е главен актер во нов скандал, поврзан со најпрестижната велоспиедска трка во светот.

Поранешниот шеф на француската анти-допинг агенција, Жам-Пјер Верди, тврди дека Амстронг користел и „техолошки допинг“.

Француските новинари, презентирале снимки, на кои се гледа како Амстронг констатнтно го дoпира седиштет на велосипедот, за да го покрене моторот кој бил вграден во велосипедот.

Мотор би тежок 800 грама, неговата снага изнесува 500 вати, а батеријата е сместена во шишето кое го употребуваат велосипедистите.

„Ленс Амстронг е најголемиот измамник. На сите ниво правеше измами и беше повластен третман. Мнпогумина ми кажаа да не им обрнувам внимание на таквите прикзани, но многу работи кај него беа сомнителни. Разговарав со сите специјалистите за допинг што ги познавам и тие не можеа да разберат како некој и покрај тоа што користи допонг, може да постигне такви перформанси“, рекол Верди.

Амстронг во периодот од 1998 до 2011 година освои седум титули на Тур д’Франс, кои подоцна му беа одземени откако призна дека користел допинг.

Share
Scroll to Top