Селта Виго и Севилја го одиграа можеби најлудиот меч оваа сезона, откако на „Балаидос“, гостите успеаја да стигнат до 4:3 победа за да се зацврстат во топ 4 во лигата, враќајќи се од два гола разлика.
Жил Коунде го донесе тимот на Хулен Лопетеги во рано водство уште во 5. минута, но тогаш на сцена стапи фантастичниот Јаго Аспас кој за три минути постигна два гола (во 20. од пенал и во 23.) за домаќините да поведат со 2:1. Фернандо во 35. минута израмни за Севилја, за во 43. минута Браис Мендез пак да донесат водство за домаќините.
Во второто полувреме, Севилја го комплетираше камбекот – Иван Ракитиќ во 60. минута повторно израмни на 3:3, пред Папу Гомез во 73. минута да ги постави конечните 3:4.
Севилја со новите три поени останува на безбедното четврто место со 61 поен, сега само шест зад лидерот Атлетико Мадрид. Селта, пак, се на безбедното 10. место со 37 поени.
Gol de Papu Gomez Celta de Vigo vs Sevilla 3-4 pic.twitter.com/f1ICJnQ6eF
— DJ SPORTS (@DJSPORTS9) April 12, 2021