(Фото) Пижама одело: За сите кои работат од дома

(Фото) Пижама одело: За сите кои работат од дома

пред 4 години

Доколку на видео состанок преку Zoom се појавиме во пижами, тогаш тоа може да изгледа чудно, но јапонскиот текстилен бренд Aoki има решение: парче облека што изгледа како класично одело, но во суштина е пижама.

Станува збор за таканаречени Pajamas Suit (Пижама одело) и навистина изгледа како одело, пишува The Verge. Ова пижама одело е одлично за оние кои работат од дома, сакаат да изгледаат професионално, но сепак да уживаат во она што го носат додека работат од омилениот агол во домот.

Од Аoki велат дека Pajamas Suit е многу повеќе од пижама и е совршена за работа од дома, но не станува збор за облека што може да се носи надвор.

Share
Scroll to Top