Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека првите дози на руската вакцина „спутник В“ од институтот „Торлак“ ќе бидат пуштени во употреба помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува оти Србија самостојно ќе ја произведува вакцината пред крајот на годината, пренесува „Фонет“.
„Ќе видиме дали ќе го произведуваме „синофарм“ или „спутник“ до крајот на годината и се надевам дека ќе ги произведуваме двете вакцини до март, рече Вучиќ за време на неговата посета на „Торлак“ и изјави дека вкупното производство првично би било 20 милиони, а подоцна и 30 милиони дози годишно, за да се покријат и потребите на регионот.
Претходно беше објавено дека Србија може да започне со пакување на руската вакцина „спутник В“ од средината на годината, а да ја произведе до крајот на годината.