Лајен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

пред 4 години

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на Украина да ја посети земјата.

Само една недела по аферата „Софагет“, во јавноста излезе дека портпаролот на Лајен, Бјорн Сајберт, наместо неа, ја одбил официјалната покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на ЕК да ја посети неговатаја, што претставува кршење на дипломатски протокол, пренесува бриселски „Политико“.

Зеленски ја покани Фон дер Лајен да ја посети неговата земја по повод одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина, но наместо претседателката на ЕК, нејзиниот портпарол одговори на поканата и лично ја потпиша, што претставува кршење на договорот.

Како што се наведува, одбивањето на поканата го зголеми сомневањето за посветеноста на фон дер Лајен да ја поддржи Украина, во време на зголемени тензии меѓу таа земја и Русија.

Исто така, причината за одбивањето на поканата и наведената пренатрупаност ги зголемија сомнежите, имајќи предвид дека годишнината се одбележува во Украина на 23 и 24 август, кога беа намалени активностите на европските институции поради летната пауза.

Главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер одби да го коментира случајот.

Некои европски официјални лица сметаат дека одлуката на фон дер Лајен да не присуствува на годишнината го отежнува закажувањето на самитот на Советот ЕУ-Украина, што треба да се одржи во Украина.

Портпаролот на Зеленски не беше достапен за коментар.

Share
Scroll to Top