Меси донираше три дреса во замена за 50.000 вакцини за фудбалерите во Јужна Америка

Меси донираше три дреса во замена за 50.000 вакцини за фудбалерите во Јужна Америка

пред 5 години

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси донирал три свои потпишани дреса на кинеската фармацевтска компанија „Синовак“, која, пак, ќе даде 50.000 вакцини против ковид-19, со кои ќе се се вакцинираат сите јужноамерикански фудбалери во пресрет на Копа Америка, што ќе се одржи ова лето. Посредник во договорот бил претседателот на Уругвај, Луис Ласале Поу.

„Директорите на ‘Синовак‘ се големи фанови на Меси,а ткој со задоволство ни испрати три дреса за нив“, изјави претставникот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, Гонсало Белосо.

Дел од вакцините ќе ги добијат 26-те клубови од првата фудбалска лига на Аргентина.

„Целта е да ги имунизираме сите играчи од првата лига. Секој од нив би можел да игра на Копа Америка“, изјави Белосо.

Сепак, аргентинската влада прво ќе мора да ги одобри вакцините на „Синовак“ за да можат да се користат.

Копа Америка ќе се одржи од 13 јуни до 10 јули во Аргентина и Колумбија.

Share
Scroll to Top