Нејмар Јуниор е фудбалер за кого фудбалските фанови имаат поделено мислење – додека некои сметаат дека е вистински бразилски гениј, други мислат дека е преценет играч и „дива“ на фудбалскиот терен. Но, без разлика на ова, тој се покажува дека е пред се, човек.
Асот на ПСЖ одамна ја предводи својата добротворна организација „Нејмар Јуниор Институт“, кој помага на 3.000 деца и млади луѓе во Праја Гранде и каде што работат членовите на неговото семејство. Сепак, пандемијата на КОВИД-19 придонесе институтот да е затворен од март 2020, но Нејмар се погрижил вработените да не останат на улица.
Нејмар продолжил да им исплаќа нормална плата и здравствено осигурување на 142 луѓе кои работат во институтот, иако тоа го чини 600.000 бразилски реали (околу 100.000 евра) месечно. Целта е да се заддржи целата структура до крајот на кризата за да се продолжи со активноста.
„Без разлика колку ќе трае пандемијата, работните места и платите на луѓето се сигурни. Нашите услуги се достапни и за власта доколку се потребни“, изјави неговиот татко, Нејмар Сениор.