Глумицата Патриша Аркет била на љубовен состанок со осуден убиец

Глумицата Патриша Аркет била на љубовен состанок со осуден убиец

пред 4 години

Глумицата Патриша Аркет откри дека најлошиот љубовен состанок во живот ѝ бил со човек кого подоцна го осудиле како убиец.

53-годишната актерка остави коментар на „Твитер“ на онлајн-форумот за лошо искуство со партнер. Таа се присети на состанокот со професионален скејтбордер, кој лошо се бакнувал, а потоа се утврдило дека тој е Марк Роговски, човекот што неколку години подоцна призна дека ја силувал и убил Џесика Бергстен во 1991 година.

„Имавме кус интимен момент таа вечер, но начинот на кој ме бакна ме преплаши. Му дадов лажен број на телефон. Години подоцна тој ја уби својата девојка“, напиша Аркет.

На прашањето зошто неговото бакнување ја исплашило, таа објасни дека било премногу агресивно.

Share
Scroll to Top