Новата куќа во Лисабон на најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, е во завршна фаза. Таа го чинеше фудбалерот на Јувентус седум милиони евра.
Според пишувањата на медиумите, она што најмногу привлекло внимание бил огормниот кревет за кој дизајнерите користеле специјален кран за да го сместат во спалната соба.
Тие морале да го донесат преку кровот. Во куќата поставен е и голем мурал во стилот на Луј Витон, вреден преку 400.000 евра. Роналдо ја купил оваа луксузна вила уште во 2019 година, но дури сега ќе му биде подготвена за селидба.
кога медиумите во Португалија пишуваа дека станува збор за најспалата аквизиција некогаш купена во таа земја, кога станува збор за куќите и становите.
Роналдо ангажирал дури пет дизајнери за да ја уредат внатрешноста и да му го погодат неговиот, но и вкусот на неговата девојка Ѓеоргина Родригез. Покрај споменатиот кревет и муралот, вилата има и четири соби за децата кои се декорирани по нивните желби.
Овој пентхаус ќе биде еден од четирите дома, кои Роналдо ги има во својата колекција и во кои се одмора од фудбалот. Покрај него, ја има вилата на португалската Ривијера, на околу половина час возење од аеродромот во Лисабон.
Тој има куќа вредна 5.500.000 евра во близина на Мадрид, апартман од седум ката во Фунчалу на островот Мадеира, кој го купил во 2019 година. Во оваа живее неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго.
За оваа вила тој морал да победи во надавањето двајца милионери. Оваа вила има 3100 квадрати и поседува спа центар, базен и уште многу други содржини.