Младиот возач на Прамак Дукати, Хорхе Мартин по импресивниот старт на сезоната во Мото ГП имаше голем пех во Португалија. Ја повреди десната рака и десната нога, па ќе мора да оди на операција во Барселона, по вчерашниот пад на седмиот свиок на патеката „Портимао“. Се работи за повтеда на коска на дланката и на десната нога, над скочниот зглоб.
„Не ми е ова најдобриот ден верувајте ми! Многу боли, но јас сум `Мартинатор`. Ќе се видиме наскоро“ порача Мартин на Твитер.
Not my best day, you can trust me! A lot of pain but I am Martinator. SEE U SOON @motogp pic.twitter.com/rWAIouJ5Tp
— JorgeMartínAlmoguera (@88jorgemartin) April 17, 2021
Тој е дебитант во Мото ГП шампионатот, а на првите две трки беше одличен. Во Доха заврши како трет.
Хорхе Мартин е екс-светски шампион во Мото 3 со Хонда, а минатата сезона беше петтопласиран во Мото 2 возејќи Калекс.