Роналдо во Лисабон има вила од 7 милиони – креветот го внесувале со кран

Роналдо во Лисабон има вила од 7 милиони – креветот го внесувале со кран

пред 4 години

Најдобро платениот фудбалер на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо освен што сака да се почести со скапоцени автомобили, сака да ужива и во луксузни недвижности.

Роналдо купил вила во Лисабон вредна над 7 милиони евра.

Се работи за ултра луксузно издание за кое архитектите со кран, низ покривот го венесувале огромниот спален кревет.

Роналдо вилата ја купи пред 2 години, но во тајност се држело името на сопственикот. Реновирањето трае долго време затоа што португалскиот ас бара да се направи мурал направен по примерот на Луј Витон.

Ова е четврта недвижнина што Роналдо ја поседува. Има куќа во Мадрид, апартман во Мадеира и уште една вила на португалската ривиера.

Се чини дека во Лисабон ќе поминува најмногу време затоа што вложил милиони само за декорација.

Share
Scroll to Top