(Видео) Го чекам мокра ко сирена: Лиде Лиде сними песна за Венко

(Видео) Го чекам мокра ко сирена: Лиде Лиде сними песна за Венко

пред 4 години

Лиде Лиде, дамата која македонската јавност ја запозна од пресовите на министерот за здравство, Венко Филипче, откако редовно оставаше коментари колку е вљубена во него, сега сними и песна за него.

Песната е насловена како „Лиде на Венко“. Текстот и музиката се нејзини, а песната е снимена во студио кај Димитар Маневски.

Во едно гостување во емисија дури и министерот Филипче вети дека ќе се сретне со Лиде Лиде. Подоцна се сретнаа навистна, ама го одложија кафето за друг пат. Лиде Лиде тогаш објави фотографија на социјалните мрежи на која пишува „конечно го сретнав“.

Share
Scroll to Top