Бајден ѝ честита на Вјоса Османи, верува во реципрочно признавање на Белград и Приштина

пред 4 години

Американскиот претседател Џо Бајден и го честиташе изборот на Вјоси Османи за претседателка на Косово, со порака дека двете земји негуваат долго партнерство засновано врз истите вредности.

Во писмото на претседателот Бајден се наведува  дека САД го поддржуваат продолжувањето на дијалогот со Србија.

„САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите за обезбедување траен мир и продуктивен дијалог меѓу Косово и Србија и на крајот сеопфатен договор за нормализација, за кој веруваме дека треба да се фокусира на меѓусебно признавање“, се вели во соопштението на косовското претседателство.

Во писмото, Бајден исто така изјави дека со претседателката Османи ќе работи на зајакнување на владеењето на правото, борба против корупцијата, заштита на правата на малцинствата и верските заедници и опоравување од последиците од пандемијата на Ковид-19 и економскиот развој, како и на обезбедување одржлива енергетска иднина.

Исто така се додава дека Бајден одговорил и на барањето на претседателката Османи САД да му помогнат на Косово со вакцините, пренесува РСЕ.

„Претседателот Бајден истакна дека со зголемувањето на количината на вакцини, САД ќе работат со партнери за нивна дистрибуција и дека неговиот тим ќе биде во контакт со претседателката Османи за да се постигне таа цел“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top