Бившиот полицаец Дерек Шовин е прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

Бившиот полицаец Дерек Шовин е прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

пред 4 години

Поранешниот полицаец Дерек Шовин, е прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис. Шовин минатата година во мај, беше снимен од случајни минувачи како со коленото го гуши Флојд на улица. Тој девет минути го држел коленото на вратот на Флојд нанесувајќи му смртоносни повреди.

По тринеделното судење, на поротата и беа потребни помалку од од една недела за да ја донесат конечната одлука. Шовин е прогласен за виновен по сите три точки на обвинението. Убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност и би можел да помине неколку децении во затвор. Изрекувањето на казната се очекува во наредните два месеца.

Убиството на Флојд предизвика низа на сериозни протести во САД против расизмот и полициската бруталност. Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека оваа пресуда е само почеток на она што следува и дека потребни се вистински промени и реформи во општеството.

„Доста со бесмислени убивања! Денешната пресуда е чекор напред. Таа нема да го врати Џорџ и негово наследство треба да биде она што ќе го направиме во знак на сеќавање на него“, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

Неговиот заменик, потпретседателката Камала Харис ги повика законодавците да го донесат законот на Џорџ Флојд, насочен кон реформите на полицијата во САД.

За потсетување, Флојд беше запрен и принудно приведен пред продавница во Минеаполис, откако еден од вработените се посомневал дека цигарите кои ги купил, ги платил со фалсификувана банкнота од 20 долари. Шовен додека бил држен со лисици на рацете на земјата, постојано говорел дека не може да дише, нешто на што Шовин не обрнувал внимание. По девет минути, Флојд изгубил свест, а откако стигнала брзата помош, тој починал во болницата по еден час.

Share
Scroll to Top