Гласините сугерираат дека Google Pixel 5a официјално ќе биде претставен на 11. јуни. Досегашните информации споменуваа дека телефонот ќе има дизајн, кој нема да се разликува од оној на Pixel 4a 5G моделот.
Pixel 5a 5G ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет, како кај Pixel 4a 5G и Pixel 5 моделите. Овој чип полека застарува, посебно по објавувањето на Snapdragon 780G моделот, кој доаѓа во телефоните како Xiaomi Mi 11 Lite 5G.
Останува мистерија дали покрај Pixel 5a 5G, Google ќе го претстави и стандардниот Pixel 5 модел, со оглед на тоа што Pixel 4a и Pixel 4a 5G беа многу различни уреди.
Ќе видиме на кој начин Google ќе го направи овој телефон поразличен од неговите претходници, посебно во однос на цената. Користењето на чипсетот со кој Google работеше во минатото ќе ги намали трошоците, посебно во областа на истражување и развој.