Навивачите на Борусија со огномет го прославиле испаѓањето на Шалке

Навивачите на Борусија со огномет го прославиле испаѓањето на Шалке

пред 4 години

Едно од најголемите ривалства во Бундес лигата е она помеѓу клубовите кои доаѓаат од Рурската област, Борусија Дортмунд и Шалке.

Наредната сезона, ова дерби нема да се игра во Бундес лигата, откако Шалке пред неколку дена ги загуби и теоретските шанси за опстанок во лигата. Шалке игра катастрофално оваа сезона, клубот има и големи финансиски проблеми, поради наредната сезона ќе игра во Цвајта. Шалке досега освоиле само 13 бодови, во целтата сезона само два пати победиле.

Последен пат во Втората лига Шалке биле во сезоната 1990/91.

Навивачите на нивните најголеми ривали, Борусија Дортмунд, испаѓањето на Шалке од Бундес лигата, го прославиле со огномет.

Ноќта кога Шалке математички испаднаа од лигата, најрадикалните фанови на Борусија, организараа огномет.

 

Share
Scroll to Top