Дојавувачот OnLeaks објави рендери од Samsung Galaxy A22 5G телефонот, кои го прикажуваат уредот од сите агли. Се очекува дека ова ќе биде најевтиниот 5G уред на Samsung, а може да чини под 300 евра.
Од предната страна, смартфонот изгледа како A32 5G, вклучувајќи го и засекот за 13MP камера. На задната страна се забележливи разлики, односно камера системот е квадратест. Рендерите покажуваат три камери, иако претходните извештаи сугерираа постоење на четири модули (вклучувајќи 48MP главна камера и 8MP ултраширокa).
Видливи се и USB-C приклучок и 3,5 мм приклучок за слушалки на долниот дел од телефонот. Сензорот за отпечатоци е поставен на задната страна, што сугерира дека A22 5G ќе има LCD-дисплеј (A32 има OLED екран со вграден читач на отпечатоци).
Претставувањето на Samsung Galaxy A22 5G се очекува во текот на јуни, а во меѓувреме сигурно ќе дознаеме уште повеќе детали за уредот.