ВМРО-ДПМНЕ: Правда за неправедно осудените!

пред 4 години

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за слобода за уставобранителите кој ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот пред Влада, од каде ќе се продолжи кон Собранието на Република Македонија, информираат од опозициската партија.

„Правда за Уставобранителите! И еден ден во затвор како неправедно осуден е тежок како година. Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Уставобранителите се во затвор, а полицијата на Спасовски им дава закрила на ИСИС, турската, српската, албанската и италијанската мафија. Тоа значи дека е изгубено секое мерило на праведно расудување и секоја неправда мора да се исправи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму потенцираат дека даваат поддршка и бараат ослободување на уставобранителите. Според оваа партија тие не се и не можат да бидат терористи. Тие како што велат од ВМРО-ДПМНЕ се чесни граѓани на оваа земја.

Share
Scroll to Top