Надал повторно е втор на АТП листата

Надал повторно е втор на АТП листата

пред 3 години

Рафаел Надал се врати на второто место на АТП листата. Шпанецот, по освоениот турнир во Барселона повторно е пред Данил Медведев. Надал има 110 поени повеќе од рускиот тенисер, кој не играше во Барселона.

Враќањето на Надал на втората позиција е единствената промена која се случи во ТОп 10 на АТп листата, која ја предоди Новак Ѓоковиќ со 11.963 поени.

Надал на второто место има 9.810. Шпанецот ја намали разликата во однос на Ѓоковиќ за 230 поени. Медведев е трет со 9.700, Доминик Тим има 8.365, а Стефанос Циципас 7.980.

Во Топ 10 се и Александар Зверев, Андреј Рубљов, Роџер Федерер, Диего Шварцам и Матео Беретини.

Share
Scroll to Top