На Нов Зеланд се одржа концерт со 50.000 луѓе, најголем во светот од почетокот на пандемијата

На Нов Зеланд се одржа концерт со 50.000 луѓе, најголем во светот од почетокот на пандемијата

пред 4 години

Новозеландската група Six60 одржа концерт пред 50.000 луѓе во градот Окланд, без дистанца и заштитни маски. Ова е најголемиот ваков настан во светот од почетокот на пандемијата.

Нов Зеланд има една од најниските стапки на смртност од Ковид-19. Евидентирани се само 2.601 случај на коронавирус, а починале 26 лица. Во моментот во земјата има 30 активни случаи.

Употребата на маски е задолжителна само во јавниот превоз и во авионите, а мерката за држење дистанца не постои.

Share
Scroll to Top