(Фото) Нестороски нема да игра на ЕП: По операцијата ќе се вратам посилен од претходно

(Фото) Нестороски нема да игра на ЕП: По операцијата ќе се вратам посилен од претходно

пред 4 години

Македонскиот репрезентативец, Илија Нестороски, ќе прави операција на коленото поради што нема да игра на Европското првенство ова лето. Откако се повреди на тренинг, Нестороски денеска беше на специјалистички преглед во Рим, а лекарите потврдија дека мора да ги оперира вкрстените лигаменти на коленото, што значи најмалку шест месеци пауза.

„Подготвен да станам и да се борам. Оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, за кое бев многу желен. Но, ќе дадам сè од себе и ќе го освојам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа пораки со охрабрување и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Нестороски на Инстаграм.

Нестороски се повреди пред три дена на тренинг, по што од неговиот клуб „Удинезе“ објавија дека за него сезоната е завршена, но се надеваат дека нема да мора да се оперира. За потсетување, Нестороски втора сезона по ред е во Удинезе, каде дојде откако банкротираше Палермо.

Share
Scroll to Top