Брилијантен дуел на Дерозан и Бил, нов дабл-дабл на Јокиќ

Брилијантен дуел на Дерозан и Бил, нов дабл-дабл на Јокиќ

пред 3 години

Вашингтон и Сан Антонио, ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која Никола Јокиќ забележа нов дабл-дабл, а Дианџело Расел во последните секунди ѝ пресуди на Јута Џез.

Сан Антонио ставија крај на серијата од осум победи во која беа Вашингтон Визардс. Спарси славеа по продолжението со 146:143.

Демар Дерозан одигра брилијантен меч, постигна 37 поени, погоди 12 од 13 шутеви од игра. Дерозан ниту еднаш не шутираше за тро поени. Блескаше кај Спарс и Дежонте Мареј со 25 поени, 17 скокови и пет асистенции.

Кај Вашингтон, Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл (22 поени, 13 скокови и 14 асистенции).

Најефикасен беше Бредли Бил, кој исто како и Дерозан, не шутираше тројки. Бил постигна 45 поени (20/33 од игра).

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до петтата победа на последните шест натпревари. Денвер славеа победа над Мемфис 120:96. Србинот мечот го заврши со 24 поени, 15 скокови и пет асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Порттер јуниор со 31 поен.



Минесота, со поените на Дианџело Раел, постигнати на четири секунди до крајот на мечот, забележаа победа над лидерот Јута 105:104. Расел мечот го заврши со 27 поени и 12 скокови.

Јута сега има само една победа повеќе од Финикс на челната позиција во Западната конференција.

Резултати:
Детроит-Атланта 100:96
Филаделфија-Оклахома 121:90
Орландо-ЛА Лејкерс 103:114
Њујорк-Финикс 110:118
Торонто-Кливленд 112:96
Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 120:103
Мајами-Чикаго 102:100
Сакраменто-Далас 113:106.

Share
Scroll to Top