Половина Американци сметаат дека Камала Харис е неквалификувана за претседател

пред 5 години

Половина од гласачите во САД, вклучително и 60 отсто од независните, сметаат дека потпретседателката Камала Харис не е квалификувана да ја преземе улогата претседател – вознемирувачка статистика од анкетите со оглед на тоа што многу Американци не очекуваат Џо Бајден да го отслужи целиот мандат, пренесува РТ.

Анкетата на „Расмусен репортс“ објавена во понеделникот покажа дека 41 отсто од американските гласачи ја сметаат Харис за „воопшто неквалификувана“ за преземање на одговорностите на претседателството, а 9 отсо сметаат дека таа „не е многу квалификувана“. Истражувачката фирма ги заснова своите информации врз основа на истражување спроведено кај 1.000 веројатно гласачи.

Негативните мислења за подготвеноста на Харис за позивијата претседател се особено силни кај републиканците, од кои 74 отсто ја сметаат за неквалификувана. Но, независните исто така немаат доверба во потпретседателката, па 48 отсто од испитаниците велат дека таа „воопшто не е квалификувана“, а 12 отсо ја сметаат за „не многу квалификувана“.

Меѓу демократите, само 18 отсто сметаат дека Харис е неквалификувана, вклучително и 15 отсто кои велат дека таа „воопшто не е квалификувана“. Харис слабо се претстави на прелиминарните избори за претседател кај демократите во 2020 година дури и во својата родна Калифорнија и покрај тоа што беше еден од најомилените кандидати на мејнстрим медиумите.

Анкетата на „Расмусен“, спроведена на 19-20 април, покажа дека 46 отсто од гласачитете гледаат поволно на Харис во споредба со 51 отсто кои имаат неповолно мислење за потпретседателката, вклучително и 43 отсто кои го опишаа својот став како „многу неповолен“.

Истражувањето за подготвеноста на Харис за улогата на претседател е особено релевантно затоа што многу Американци сметаат дека Бајден не е физички и психички способен да го заврши својот четиригодишен мандат.

Анкетата на „Расмусен“ минатиот август покажа дека 59 отсто од гласачите, вклучително и 49 отсто од демократите, не очекувата дека Бајден ќе го одработи целиот мандат ако биде избран во ноември. Анкетата на „Расмусен“ од март покажа дека Американците се подеднакво поделени околу тоа дали Бајден е моментално одговорен, носејќи ги важните секојдневни одлуки на својот кабинет.

И покрај тоа што е најстариот претседател што стапи на должност и прашањата што беа покренати за неговата подготвеност, 78-годишниот Бајден изјави во март дека очекува реизбор во 2024 година. Вториот мандат на Бајден би траел до 2028 година кога тој би наполнил 86 години.

Share
Scroll to Top