Во Загреб во 94. година од животот по долга и тешка болест починал Јоле Петровиќ, таткото на југословенските и хрватски кошаркарски легенди Дражен и Александар Петровиќ. Последните години од животот тој бил неподвижен во неговиот дом во Загреб, објавува хрватскиот портал „Индекс“.
Петровиќ е роден во Требиње, Босна и Херцеговина, а работел како полицаец во Шибеник, каде што бил заменик началник на полициската станица. Таму тој ја сретнал Бисерка, мајката на Дражен и Александар.