Тухел: Разочаран сум, требаше да победиме

Тухел: Разочаран сум, требаше да победиме

пред 4 години

Томас Тухел, менаџерот на Челси, не е задоволен со нерешниот резултат против Реал, во првиот полу-финален натпревар, во Лигата на шампионите. Во Мадрид, Реал и Челси одиграа 1:1. Пулишиќ го постигна голот за Челси во 14.минута, а во 29.минута конечниот резултат го постави Бензема.

„Добро влеговме во натпреварот, бевме храбри, но не бевме прецизни во завршницата. Со играта во првото полувреме заслуживме да победиме, требаше да постигнеме уште еден гол во првиот дел“, рекол Тухел.

Германецот потенцира дека неговите играчи се уморни од жестокиот ритам. Челси, во саботата, играа тежок натпревар против Вест Хем.

„Немавме среќа. Им овозможивме да постигнат гол буквално од ништо. Уморот не стигна во второто полувреме. Разочаран сум од резултатот, но не смееме да ја загубиме самодовербата“.

Со синоќешниот натпревар, Тухел, стана првиот тренер кој во Лигата на шампионите, најмалку пет пати водел тим против Реал и не доживеал пораз. Во кариерата, тимовите на Тухел, четири пати ремизирале и еднаш го победиле Реал.

Share
Scroll to Top