Оваа година испробајте нешто малку поинакво, вапсајте ги велигденските јајца со бои за колачи. Домаќинките што ја испробале оваа техника се воодушевени од резултатите. Боите се силни, а секое јајце има поинакви и уникатни шари.
Ќе ви биде потребно:
- Јајца
- 400 мл оцет
- 400 мл вода
- бои за колачи во кесички
- оцет и масло
- сунѓер за миење садови, пар ракавици и старо тенџере
Подготовка:
За што подобар ефект, купете бели јајца или, пак, уште подобро е да ги избелите јајцата пред боењето. Како тоа може да го направите, видете овде:
Во еден помал сад ставете боја за колачи, приближно ¼ кесичка, додадете лажица врела вода, лажица оцет и лажица масло. А потоа сето тоа промешајте го.
Спуштете ги јајцата, малку да лебдат во бојата и извадете ги со држач за јајца или на крпа.
Целата постапка гледајте ја во видеото подолу: