Во Србија 2.138 нови случаи на коронавирус, 26 лица починаа

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 2.138 нови случаи на коронавирус, тестирани се 13.832 лица, а починале 26 пациенти.

На лекување во болница се 4.987 пациенти, од кои 161 се на апарати за дишење.

Најновите податоци покажуваат дека бројот на нови случаи и смртни случаи од коронавирус продолжува да опаѓа, пренесува „Танјуг“.

Кризниот штаб денеска одлучи да нема попуштање на мерките.

„Може да зборуваме за попуштање дури тогаш кога бројките ќе бидат многу помали. После 8 мај ќе ги ублажуваме мерките. Тоа значи дека угостителските објекти од затворен тип ќе може да работат“, соопшти Кризниот штаб.