Тутоспорт: Наполи ќе формира македонски тандем, Алиоски-Елмас

Тутоспорт: Наполи ќе формира македонски тандем, Алиоски-Елмас

пред 4 години

Наполи ќе се обиде во летниот преоден рок да го донесе на „Диего Марадона“ стадионот, Езџан Алиоски, тврди „Тутоспорт“. Наполи, на оваа позиција ги има Гулан и Марио Руи. За потписот на македонскиот репрезентативец, Наполитанците ќе се борат за Галатасарај.

Џани Алиоски, нема да го продолжи договорот со Лидс јунајтед, туку по четири сезони ќе замине од „Елан роуд“.

Наполи се заинтересирани за Алиоски, бидејќи тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Веројатно, Наполитанците се подготвени да му исплатат одреден бонус за да го обезбедат неговиот потпис.

Се проценува дека Алиоски вреди 10 милиони евра.

Доколку Наполи успее да го донесе Алиоски, тоа значи дека под Везув ќе се формира македонски тандем. Дресот на Наполи од пред две сезони го носи Елиф Елмас.

Share
Scroll to Top