Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против опозицискиот лидер Алексеј Навални, поради создавање на невладина организација што ги крши човековите права, изјави безбедносен извор, пренесува ТАСС.
„Против Навални е покрената нова кривична постапка според член 239 од Рускиот кривичен законик (создавање на непрофитна организација што ги крши идентитетот и човековите права), се наведува во обвинението.
Неименуван извор додава дека за ова дело се обвинети уште две лица, Леонид Волков и Иван Жданов.
Навални, главниот критичар на Кремљ, издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условната слобода.