По објавата на Realme Watch моделот од 50 долари, пред нешто повеќе од една година, Realme во текот на минатата година ги претстави и моделите Watch S и S Pro. Сега компанијата објави нов паметен часовник – Realme Watch 2.
Realme Watch 2 има цена од околу 55 долари и го задржува истиот квадратест дизајн кој го популаризираше Apple Watch. Часовникот има 1,4-инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 320 х 320 пиксели и тежи 38 грама.
Watch 2 нуди 100 позадини, вклучително и некои во живо. Сензорите кои се имплементирани овозможуваат следење на спиењето, нивото на стрес, активности, отчукувањата на срцето и нивото на кислород во крвта.
Во споредба со претходниот модел, постои можност за следење на 90 активности. Часовникот има и IP68 водоотпорност. Kапацитетот на батеријата е зголемен на 315mAh, во споредба со 160mAh на претходниот модел, а Realme тврди дека може да трае 12 дена со едно полнење.
Информациите за достапноста на Realme Watch 2 паметниот часовник засега не се познати.